Јубилејно издание на „Имат немат“ со оро, песни и голема забава во Охрид

Please follow and like us:
Pin Share

Во вистински празнична атмосфера се одбележа јубилејното издание на едно од најгледаните музички шоуа – „Имат немат“. Сцената покрај Охридското Езеро блескаше во сјајот на традицијата, песната и пријателството.

Настанот заврши на најубав можен начин – со големо македонско оро, во кое се вклучија сите учесници, пејачи и публика, симболично заокружувајќи го уште едно незаборавно издание на емисијата.

Забавата продолжи во ресторанот Орфеј во Охрид, каде атмосферата беше уште поопуштена и веселбата се прелеа во импровизирана гала вечер. Сите присутни уметници се фатија за микрофон и запееја по некоја песна, покажувајќи ја уште еднаш љубовта кон музиката и добрата дружба.

„Имат немат“ уште еднаш потврди дека е повеќе од музичка емисија – тоа е вистински празник на македонската песна и душа, што обединува генерации и негува традиција на едно магично место – Охрид.

Please follow and like us:
Pin Share