Петар Дамчески – Австралиец со македонско потекло, новото лице на естрадата

Please follow and like us:
Pin Share

Петар Дамчески, Австралиец со македонско потекло, е новото име што сѐ поактивно се пробива на македонската естрадна сцена. Деновиве тој сними уште едно музичко видео, овојпат за неговата најнова песна „Секој нека игра“, кое се реализираше во живописното Крушево.

На снимањето му се придружија и неговите пријатели од КУД „Јане Сандански“ од Мелбурн, културно-уметничко друштво во кое и самиот Петар членува и активно настапува. Атмосферата беше исполнета со енергија, емоции и автентична македонска традиција – токму она што Дамчески го пренесува во својата музика.

Пред премиерата на оваа песна, наскоро публиката ќе го види и видеото за композицијата „Дедовина“, кое беше снимано пред две недели и исто така носи силна патриотска и емотивна порака. Двете видеа премиерно ќе бидат прикажани на македонската сателитска телевизија ИН ТВ.

Видеопродукцијата и реализацијата се дело на „ИН Продукција“, со која Петар Дамчески успешно соработува веќе неколку години. Овој проект е само уште една потврда за неговата посветеност во зачувувањето и промовирањето на македонската култура и музика, без разлика каде се наоѓа во светот.

Please follow and like us:
Pin Share