Составен од млади, но веќе докажани музичари, Здраве Музик Бенд брзо се наметнува како едно од најпопуларните имиња на македонската музичка сцена. Иако релативно ново оформени како бенд, членовите на Здраве Музик се добро познати на јавноста – ги запознавме како виртуозни инструменталисти во македонското талент шоу, каде беа придружба на натпреварувачите, но и на многу веќе етаблирани пејачи кои се појавија во шоуто.
Зад себе веќе имаат два настапи на фестивали, три реализирани музички проекти и неколку авторски песни, што говори за нивната сериозност, креативност и посветеност кон музиката.
Здраве Музик Бенд станува сѐ побаран низ Охрид, Струга и Ресен, а нивната популарност се шири и низ цела Македонија. Може да ги слушнете во кафулиња, клубови, ресторани, но и на свадби, веселби и приватни настани – каде и да настапуваат, гарантираат одлична атмосфера и врвна музичка изведба.
Очекувајте ги наскоро и во вашиот град – бидејќи Здраве Музик Бенд доаѓа со енергија, звук и љубов кон музиката што освојува на прво слушање!

