Да се сака татковината е исто како да се сака животот.Овде сме родени, растени, зреени . Љубовта се всадува од првиот плач, па до последната воздишка. ИН продукција им даде можност на децата таа нивна татковинска љубов да ја покажат преку негувањето на македонската песна и мајчината музика. Ретка можност за децата да пеат песни интерпретирани од македонските пеачи, да свират ора од нашите автори. Нивниот талент ги води до финишот на третата сезона од македонското талент шоу. Во најновата емисија за првпат оваа сезона во жири ја гледаме Анастасија Митровска, девојката која е победничка во првата сезона. По победата таа солидно ја гради својата кариера , а во сабота ќе ја испее и својата прва авторска песна ” Дојди ми на Велигден”. Ќе слушнеме кои се нејзините плановите за периодот кој следи, а меѓу нив и учеството на Фолк Фест Валандово. Задолжени за оценувањето на натпреварувачите беа и почитуваните уметници , проф д-р Гоце Џуклески и Јовица Каралиевски, кои се уште од почетокот во неколку наврати дел од жири комисијата. За полуфинале во саботната емисија пеат Стефанија Костадинова од Свети Николе, Даниел Рунчевски од Ресен, а од децата инструменталисти ќе ги видиме Илија Неделковски од Битола и Марко Стојкоски од Кичево. Продукцијата донесе одлука која ќе смени многу..но за тоа потоа…. Гледајте ја најновата емисија утре во 14.00 на ИН ТВ , и на ТВ Сонце од 18.30.





