Сребрениот финалист на македонското талент шоу Теомен освојува со новата песна ” Ние Македонците”

Please follow and like us:
Pin Share

Теодор Богојевски – ТЕОМЕН за Велигден ја прoмовираше песната “Ние Македонците” која е награда од македонското талент шоу за второто место кое го освои од страна на гласoвите на публиката. Во втората сезона тој беше “сребрен” и според одлуката на членовите на  стручното жири. ” Ние Македонците” е авторска песна на која работеа Златко Миладиноски музика и аранжман и Анита Даева која го напиша текстот. Во текстот е опишан  македонецот и неговата поврзаност со песната која од векот,  секогаш е присутна да води, да носи,  без оглед на она што ќе ги даде денот и животот. Весела , силна, емотивна која Теомен не само што одлично ја интрпретира, туку ја распеа толку добро , што при секое слушање , реалната пораката од истата крева, радува. Песна која ќе се слуша , бара, пее  без оглед кој е поводот за радости , веселби или пак без повод , за убаво расположение. “Ние Македонците”  е негова втора авторска песна за која се сними и видео запис во балканскиот Ерусалим, вечниот Охрид. Богојевски после појавувањето во македонското талент шоу успеа со својот глас и енергија да допре до публиката и веќе посериозно работи и со својот бенд, оти музиката е неговиот живот.

Please follow and like us:
Pin Share