Теодор Богојевски – ТЕОМЕН за Велигден ја прoмовираше песната “Ние Македонците” која е награда од македонското талент шоу за второто место кое го освои од страна на гласoвите на публиката. Во втората сезона тој беше “сребрен” и според одлуката на членовите на стручното жири. ” Ние Македонците” е авторска песна на која работеа Златко Миладиноски музика и аранжман и Анита Даева која го напиша текстот. Во текстот е опишан македонецот и неговата поврзаност со песната која од векот, секогаш е присутна да води, да носи, без оглед на она што ќе ги даде денот и животот. Весела , силна, емотивна која Теомен не само што одлично ја интрпретира, туку ја распеа толку добро , што при секое слушање , реалната пораката од истата крева, радува. Песна која ќе се слуша , бара, пее без оглед кој е поводот за радости , веселби или пак без повод , за убаво расположение. “Ние Македонците” е негова втора авторска песна за која се сними и видео запис во балканскиот Ерусалим, вечниот Охрид. Богојевски после појавувањето во македонското талент шоу успеа со својот глас и енергија да допре до публиката и веќе посериозно работи и со својот бенд, оти музиката е неговиот живот.
