Македонците од Австралија воодушевени од „Некст тајм“ и Влатко Лозановски – Лозано – цела вечер пееја заедно со нив
Македонскиот музичар Влатко Лозановски заедно со близнаците од „Некст Тајм“ Мартин и Стефан Филиповски се на турнеја во Австралија.
Тие настапуваат пред нашинците во оваа земја и заедно со нив во повеќе градови ги пееја нивните хитови на концертите.
На нивните настапи се појавија голем број наши иселеници кои уживаа во македонската музика. Посебен беше моментот кога близнаците со песната од Гоце Николовски „Бисер балкански“ ги кренаа Македонците на нозе на концертот во Сиднеј и сите заедно го испеаја големиот хит.
На социјалните мрежи можат да се видат повеќе објави од овие настапи, а како изгледаше атмосферата, погледнете во продолжение:
