Кирил Белистојаноски најавува хитовска дует песна со Милица Кузмановска

Please follow and like us:
Pin Share

Дуетска песна деновиве снимија Милица Кузмановска и Кирил Белистојаноски. Екслузивно за емисијата Естрада плус, Кирил изјави дека песната чука во срцето на нашиот традиционален 7/8 ритам, а се очекува да излезе наскоро !

На повидок е нова дуетска песна. Станува збор за најновото музичко остварување на Милица Кузмановска и Кирил Белистојаноски. Песната деновиве се снимаше во студиото на Љупчо Павлоски.

-Снимањето помина во една пријатна амтосфера. Дел од тимот веќе се знаеме добро. Иако со Милица снимам за првпат, се надевам дека соработката ќе продолжи и понатаму, бидејќи гласовно се совпаѓаме. Како наш долгогодишен пријател, хит мејкерот Гоце Џуклески кој воедно е автор на музиката, овозможи да блесне една нова хитовска песна која чука во срцето на нашиот традиционален 7/8 ритам.

Благодарност до сите кои беа вклучени во проектот, а кои ги наведов погоре и секако благодарност до ИН ТВ, бидејќи вие сте тие кои секогаш први ги дознавате новостите на македонската естрада.-изјави Кирил, ексклузивно за емисијата Естрада плус.

Текстот е дело на Гордана Тасеска, аранжманот на Сашо Ливрински, а во проектот учествуваше и Мајкл Карадакоски кој го отсвири кларинетот.

Песната се очекува да излезе за скоро време, а не е исклучена можноста истата да биде пријавена на некој од нашите фестивали.

Please follow and like us:
Pin Share