Кико жали што нема да настапи на Валандовскиот фестивал

Please follow and like us:
Pin Share

И покрај тоа што искрено како што вели , ги избегнува фестивалите, Христијан Божинов Кико, сепак се надева дека ќе настапи на некој фестивал оваа година.

-Во последните 7-8 години фестивалите искрено ги избегнувам, но мислам дека оваа година ќе се појавам на некој. Во следните фестивали , на ред е Валандово во месец мај, го вратија на старото. Бидејќи нема да сум во државата и нема да можам да настапам на овој фестивал. Жал ми е од таму сум но нема да можам да настапам, вели Кико.

Во периодов кој следува Кико најавува настапи буквално низ цела Македонија. Воедно следува и едномесечна негова турнеја а потоа планираните свадбени веселби. Кико најавува и снимање на видео записи за новите песни кои ќе бидт за скоро објавени во неговиот нов прв албум.

Please follow and like us:
Pin Share