Цане: Препејувањето на песните не е трендовски

Please follow and like us:
Pin Share

Здружението за авторски музички права – ЗАМП во последниов период својата работа си ја обавува беспрекорно, истакнува Цане Петров, член од групата “Биоритам”. Здружението ЗАМП функционира како што треба, пред една до две години  имаше проблем со пуштањето македонска музика и тогаш авторите дојдоа во еден конфликт, истакнува Цане.

-Дојдовме до ситуација некој друг да дозволува да пушта музика без надохнада. Исто како некој земјоделец да произведува производи а некој трет да ги земе производите и да ги дели бе пари. Сето тоа се среди. Имаше подршка и од странство, сите автори и полека функционира. Во тој период кога се случи тоа , многу медиуми беа оштетени. Телевизиите имаа забрана да пуштаат македонска музика, истакнува Цане.

Во поглед на трендот кој во последниов период зема се поголем замаф, кон препејување на старите македонски песни, Цане со став дека тоа не е трендовски.

-Има многу млади пејачи кој што сакаат , се желни да имаат хитови и произведуваат една до две песни и очекуваат веднаш тие песни да станат мега хитови. Кога гледаат дека не успеваат во тоа, особено сегашната ситуација која што е со медиуми се враќаат на традиционалната песна и ги снимаат тие песни што биле хитови и што мислат дека со тие песни ќе напредуваат, додава Цане.

Како што додава Цане, многу од песните кои досега се преработени се речиси  упропастени, односно не се направени како што треба. Цане неодамна го промовираше својот трет солистички албум насловен како “Македонска магична гитара”.

Please follow and like us:
Pin Share