
Таеквондо ИТФ Македонија под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан , поранешен светски вицешампион , од 23-30 април 2018 ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Талин –Естонија.
Боите на нашата држава ќе ги бранат:
Ацо Јосифски црн појас IV дан, поранешен светски шампион кој ќе се натпревараува во две дисциплини , во форми за дан ветерани и борби -71 кг ветерани.
Филип Јосифоски, црн појас II дан , кој ќе се натпреварува во 3 дисциплини , форми црн појас дан сениори,борби -64 кг сениори, и специјални техники сениори.

Подготовките течеа последните 2 месеци секојдневно , го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати, знаеме дека кокуренцијата е огромна, само да напомениме дека едни од најјаките репрезентации во светот како што се Русија ,Украина,Бугарија се учесници, со што освоен медал на Европско првенство ветува и медал од светско. Најповеќе се надеваме на Филип во борби и специјални техники,кој досега на многу меѓународни натпревари се покажа одлично , па се надеваме дека ќе го даде максимумот и ќе не израдува со добар пласман, вели Марјанчо Лазаревски предводникот на нашата репрезенатција.
