Бананата : Младежот во Австралија е доста заинтересиран за македонска музика

Please follow and like us:
Pin Share

Македонската песна во голема мера се негува во далечната Австралија. Ова го потврдува и Гоце Петрески –Бананата, кој неодамна како гостин во ИН продукција, запрашан за тамошната македонска песна, истакнува дека македонците и тоа добро знаат да се развеселат на добрата македонска песна.

-За Австралија да. Македонците таму ја сакаат македонската музика. Еве за ова долго време што сум таму, сеуште се негува македонската песна. Нешто поново, нешто постаро. Од постарите песни како што реков тие исфилтрираните што се убави песни, луѓето сакаат да се развеселат со наша песна, да ги потсетиме малку на нивното минато, со некои песни за туѓина, нешто весело и тоа. Таму се негува во голема мера македонската музика, вели Гоце.

Притоа, како што додава Гоце, таму се организираат и бројни манифестации, одбележување на празници, се со една цел, поголемо обединување на македонците во оваа далечна земја.

 

-Организираме доста работи во Австралија. Поголеми знаменитости, празници. Присутен сум на доста свадби и семејни веселби. Исто така некои хуманитарни активности кои ги организираме. Народот и младината да се пофалам е тоа што младите се доста загреани за македонска музика. Тоа ние иднината. Јас сум преку 40 години , сето останува на помладите од нас. Ако тие немаат интерес ќе биде и крајот на музиката, но младите сеуште се заинтересирани и прашуваат за инструменти да научат, да свират македонски инструменти, така што сето тоа е многу убаво, додава Гоце Бананата.

Гоце Петрески Бананата е музичар кој зад себе има оставено огромни хитови во 90те години, особено на самите почетоци на македонската музичка сцена. Песни кои и денеска се слушани и препејувани од помладата музичка генерација.

Please follow and like us:
Pin Share