Јелена Карлеуша и Цеца Ражантовиќ повторно се најдоа во Првиот основен суд во Белград, каде што беше закажано рочиштето. Пејачките се појавија поради приватна кривична тужба за клевета на Јелена Карлеуша, a Цеца поднела контра тужба.

Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша се сретнаа во Првиот основен суд во Белград, каде се појавија на рочиште поради тужба и контратужба со која се товарат едната и другата.
Имено на рочиштето кое било одржано пред шест месеци како обид за смирување, паднале тешки зборови. Јелена Карлеуша потоа во тужба навела дека Цеца ја навредувала, на што фолк ѕвездата вложила контратужба.

Двете пејачки се појавиле на закажаното рочиште, кое пак е одложено поради смртта на судијата.
Јелена и Цеца се задржале 10 минути во судот, по што го напуштиле истиот.

