Вооружен маж уапсен пред домот на Тејлор Свифт

Please follow and like us:
Pin Share

Вооружен маж уапсен пред домот на пејачката Тејлор Свифт. Натрапникот, според надлежните веќе подолго време ја следел пејачката и овој пат се обидел да влезе во нејзиниот дом, но за среќа, веднаш бил фатен од полициските екипи.

Човек вооружен со нож, јажe, црна маска и ракавици викендов бил уапсен додека се обидувал да влезе во домот на поп-пејачката Тејлор Свифт во Лос Анџелес.

Во автомобилот на натрапникот по име Џулиус Александер Сандрок полицијата нашла уште маски, празна футрола за пиштол, муниција и антидепресиви. Надлежните се сомневаат дека тој веќе некое време ја следел пејачката, објави весникот „Дејли Меил“. На уапсениот 38-годишен натрапник му е одреден притвор со кауција од 150.000 долари.

Свифт не била во својот дом кога се случил немилиот настан. Инцидентот доаѓа една недела откако друг човек се обиде да се прекачи преку ѕидот околу нејзината куќа во Беверли Хилс, а човек од Конектикат ограби банка и ги фрли парите во дворот на палата што Свифт ја има на атланскиот брег на САД.

Please follow and like us:
Pin Share