Спасе Антевски подготвува албум кој ќе излезе до крајот на годинава

Please follow and like us:
Pin Share

Спасе Антевски го најави неговиот албум, којшто треба да излезе до крајот на годинава. Според него, на албумот е планирано да има 8 песни, сите авторски.

Спасе Антевски пред извесно време гостуваше во ИН Продукција. Тој во таа прилика истакна дека при крај е неговиот албум, на кој ќе има 8 негови авторски песни.

-Се надевам дека оваа година ќе го завршам албумот што го планирам веќе подолг период. Јас  малку брзам за да го издадам албумот оваа година, мислам дека ќе има осум песни на албумот. Сите се мои авторски, нема препеани песни, сите ќе бидат мои песни и се надевам дека ќе завршам оваа година.-истакна Антевски.

Инаку, Спасе важи за еден од најактивните пејачи на македонската естрада, а секој момент го користи да сними нешто ново. Тој вели дека продолжува да работи, да снима нов материјал, а на јавноста остава да го препознае квалитетот.

Неодамна, Спасе и Екстрим бенд во студиото на ИН Продукција, ја промовираа заедничката песна која носи наслов “Пуста печалба”.

Please follow and like us:
Pin Share