Сашо Пејовски задоволен од медиумската поддршка !

Please follow and like us:
Pin Share

Според вокалот на Арена бенд, Сашо Пејовски, главен “виновник” за нивниот досегашен успех на македонската сцена е медиумската поддршка која ја имаат овие две и пол години колку што и опстојуваат на естрадата. 

Сашо Пејовски, вокалот на Арена бенд при гостувањето во ИН Продукција истакна дека е задоволен од медиумската поддршка. Тој вели дека нивниот успех како бенд покрај напорната работа, се должи и на промоцијата од медиумите во нашата земја.

-Па да, сметам дека поддршката од медиумите е супер и таа е виновна за ние како толку млада група да успееме да дојдеме до овој степен кадешто сме дојдени сега. Значи, покрај нашата напорна работа, се разбира дека и медиумите си го имаат своето, рекламата е тоа што му е потребно на секој бенд за да опстои, а општо и на секој уметник.-вели младиот пејач.

Арена бенд постои скоро две и пол години на македонската естрада. Широкиот репертоар на песни и музиката за сечиј вкус која ја свират овие момци, придонесуваат да бидат одлично прифатени од јавноста.

Тие неодамна во соработка со ИН Продукција снимија видео проект со кавери на познати, но и подзаборавени македонски и српски народни песни.

За летниот период најавуваат уште еден проект со кавери на познати хитови.

 

Please follow and like us:
Pin Share