
Проект во режија и сценарио на самиот Влатко Миладиноски. Овој новитет ќе биде наскоро публициран во рамките на Велигденските празници, каде Влатко заедно со својот брат Златко го реализираа нодамна а во
кој учевство имаат и нивни блиски музички соработници. Она што е посебно за истанување е сосема самостојниот концепт на Влатко, каде тој се јавува во улога на уредник-водител, покрај неговата примарна дејност, музиката.
-Така сето тоа почна, па се задржав до крај како режисер и како сценарист. Таква идеја добив, да направиме Велигденска емисија, па како што течеа консултациите така гледам дека течеа и моите идеи што ги имав замислено. Додржав до крај на своето го завршив целиот концепт како што јас мислев, така да убаво забележа испаднав и водител и режисер и се. Целиот проект е направен од едно мое видување на мој начина, па како ќе испадне ќе видиме и се надевам дека ќе им се допадне на останатите, вели Влатко.
Во овој Велигденски проект покрај големите хитовски рефрени од Влатко, има и нови песни кои допрва публиката ќе има можност да ги слушне и научи.
-Од постарите песни тука се “Софке”, “Велат не нема” е релативно нова, меѓутоа еве хитовкса, не можевме да ја скокнеме, “Жениме мамо”, меѓу нив има две композиции на брат ми, инструментални ора, “Кичевско” и “Орал дедо” со кавал и меѓу сите тие премиерно во оваа емисија една наша најнова преработка на наша стара народна песна “Ај да ојме Јано, горниот Порој”. Оваа песна потекнува од Пиринска Македонија, поточно од тромеѓето Пиринска, Вардарска и Егејска Македонија, истакнува Влатко.
Притоа тој додава дека оваа песна со оглед на тоа што е стара , тие ја обработиле во како што вели ново руво, модернизрана. Во поглед на музичката соработка Влатко нагласува за еден константен тим, Орце Лазаров, Џељо Дастаноски, како и неговиот брат Златко Миладиноски. Оваа најнова песна премиерно ќе биде слушната во нивниот Велигденски проект.
