Гоце Петрески: Мило ми е што помладата музичка генерација ги препејува моите песни

Please follow and like us:
Pin Share

Бројни хитови исфрли на површина во 90-те години кои денес се барани, слушани но и препејувани од помладата генерација на пејачи. Легендарниот Гоце Петрески –бананата, постојано твори и создава

македонска музика, иако е многу далеку од родната земја, каде над 20-тина години живее и работи во далечната Австралија. Во поглед на препејувањето на неговите песни, Гоце не го оспорува тоа зависно во која конотација е направено.

-Зависи на кој начин е тоа направено. Ако е направено како некоја жива свирка тоа не смета никако , со цел некои песни да се задржат, мене ми причинува големо задоволство. Имав тука во неколку наврати прилика да испеам нешто во ѓиво од тоа што сум направил порано. Самиот си ставам некогаш некои критики и сум скептичен, можеби овие песни се заборавени или можеби не ги сакаат повеќе, но на некој начин бев пријатно изненаден што младиве пак ги негуваат тие песни. Мило ми е кога ќе видам некој ги снимил и ги пее , тоа ми причинува  задоволство да се задржи нештото, вели Гоце.

Гоце при неговото гостување во ИН продукција најави дека при крај е со работата околу неговиот најнов албум за кој планира снимање и неколку видео записи.

Please follow and like us:
Pin Share