Перо Пандилоски беше дел од традиционалниот Велигденски концерт на Гостиварското Културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“.

Пред голем број присутни во Домот на културата во Гостивар се одржа традиционалниот Велигденски концерт на Гостиварското градско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“. На концертот настапи и поп пејачот Перо Пандилоски кој со неговите прекрасни музички изведби ја надополни убавата атмосфера.
Перо ги отпеа неговите големи хитови “Соло” и “Девојка за секое време”.
Во продолжение уживајте во неговиот извонреден настап !
