Експлозив бенд снимија спот за нивната најнова песна “Џек пот”

Please follow and like us:
Pin Share

Членовите на Експлозив бенд во соработка со ИН Продукција снимија спот за нивната нова песна која носи наслов “Џек пот”. Од бендот се надеваат дека песната и спотот ќе бидат добро прифатени од јавноста.

Експлозив бенд снимија спот за нивната најнова песна со наслов “Џек пот”. Спотот се снимаше во Охрид, во соработка со ИН Продукција.

-Доаѓањето тука е со повод, ја претставивме нашата нова песна и мислам дека ќе биде нешто добро, но сепак народот треба да одлучи за тоа. Ќе ја промовираме и ќе ја снимиме таа песна па ќе видиме резултатот каков ќе биде.-истакна Себо, при гостувањето во ИН Продукција.

Покрај членовите на бендот, во спотот се појавуваат и неколку девојки од модното студио Шанел од Битола.

-Во песната се работи да се усреќи некоја девојка, текстот така го наведе нашиот текстописец Љупчо Василев од Струмица. Музиката е наша, ја работевме со помош на Љупчо и така дојде до израз да биди музиката. Инаку, имаме и специјален гостин во песната, Маестро Џамбо свири на труба и мислиме дека ќе биде добра.-додава тој.

Инаку, бендот опстојува скоро 15 години на македонската естрада, а се состои од тројца искусни музичари.

Please follow and like us:
Pin Share