Влатко: Ние сме креатори на музиката која ќе се слуша

Please follow and like us:
Pin Share

По минатогодишниот албум на Влатко Алексовски, овој период тој веќе работи на создавање нов. Како што најавува според планираното албумот треба да излезе во месец август, оваа година. Веќе има четири готови песни кои се планирани за албумот. Во периодов Влатко најавува и бројни настапи, почнувајќи од Велигденските празници.

– Од Велигден почнуваме турбо со семејни веселби , свадби, секој викенд по две-три свадби, секаде низ Македонија. Во меѓувреме, веднаш по Велигден одам во Германија, во Берлин имам Велигденска забава, во црквата Св.Климент Охридски. Потоа се враќам тука, продолжувам со настапи, снимања и реализација на оние планови што во меѓувреме се зацртани, нормално во соработка со ИН продукција, истакнува Влатко.

Во поглед на слушаноста и бараноста на македонската песна, Влатко со став дека токму тие, пејачите се креатори на сето она што ќе се пее и слуша.

-Се зависи од музичарите каква музика ќе пласираат на публиката. Ние сме тие креатори на програмата и она што ќе се слуша. Сепак, македонско е македонско, а од она што се случува во државава и опкружувањето во овие моменти најпотребен ни е патриотизмот и сами себе да се заштитиме. Ако ние не ја афирмираме сами нашата македонска музика, другите ќе ја афирмираат, но ќе ја прикажуваат дека е нивна, додава Влатко.

При гостувањето во ИН продукција Влатко ја промовираше и преработката на легендарната песна “Шушана” во македонска верзија со наслов “Сузана”.

Please follow and like us:
Pin Share