“Сегде си одел синко” од Мирослав одлично прифатена од јавноста

Please follow and like us:
Pin Share

Песната “Сегде си одел синко” од младиот пејач Мирослав Мирчески е одлично прифатена од јавноста. Со оваа песна Мирослав ја однесе победата на Најдобриот на листата и доби 400 австралиски долари од Сателитската ИН Телевизија.

Новата песна од Мирослав Мирчески “Сегде си одел синко” која потекнува од Пиринскиот дел на Македонија е одлично прифатена од јавноста. Најголем доказ за тоа е големата победа на Најдобриот на листата, емисија која се емитува на Сателитската ИН Телевизија, каде воедно Мирослав стана вториот добитник на 400 австралиски долари кои ги доделува Австралиската телевизија секоја недела во месец јули на своите музички соработници.

-Презадоволен сум и од песната како е прифатена, но и од спотот бидејќи има многу позитивни критики. И со оваа победа на топ листата се заокружи тоа што кажавме дека песната е прифатена од гледачите и се надевам дека во иднина ќе продолжиме да ги изненадуваме со уште квалитетни производи заедно со видео запис.-истакна Мирослав во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Младиот пејач кој што ја негува македонската народна песна, секако дека не запира тука. Тој за следниот период најавува уште неколку нови песни и комплетирање на неговиот албум.

Please follow and like us:
Pin Share