Популарните балкански пејачи со многу хитови слушани и во Македонија, браќата Дејан и Саша Матиќ се родени на 26 април 1978 година во Дрвар, Босна, а неколку дена по нивното раѓање настанаа фатални проблеми.

Беа ставени во инкубатор, бидејќи беше откривено дека се слепи. Кога по многу години станаа возрасни и станаа познати и омилени на музичката сцена без разлика на тоа што не гледаат, после голем број на секакви шпекулации, конечно, вистината за нивното слепило дојде од нив самите.
– Голема лекарска грешка, вели Дејан Матиќ.Кој е поточно виновен, не се знае, дали самиот доктор или медицинска сестра, не знам навистина? Тоа се криеше од нас, како змија нозете. А, дека слепилото дошло како последица на нивната грешка, од нивната негрижа, тоа е сега сосема јасно.
Неговиот брат Саша Матиќ вели дека со години на естрадата се шпекулира за нивното слепило и дека тие измислици го преморуваат
– Тоа се налудничави приказни, се е измислица на лоши луѓе. Воопшто не ми се допаѓа тоа што се зборува на оваа тема со години наназад. Моите пријатели и луѓето со кои сум во постојан контакт знаат како живееме јас и брат ми и покрај тоа што сме слепи. Покрај се, ние го сакаме овој живот, најмногу на светот.
Уживаме во музиката, ја сакаме и нашата верна публика. Живееме нормално, убаво ни е, си имаме свои семејства и не би го менувале ваков живот за ништо на светот, потврди Саша Матиќ.
