Благојче Стојановски Туше направи преработка на големиот хит “Чакмак Чакмак” од Кенан Таироски. Песната беше промовирана во студиото на ИН Продукција.

Фолк пејачот Благојче Стојановски Туше во студиото на ИН Продукција ја промовираше неговата најнова преработка на познатиот хит од Кенан Таироски, “Чакмак Чакмак”. Како што истакна Благојче во интервјуто за ИН ТВ идејата за снимање на оваа песна е на маестро Златко Миладиноски, кој воедно го направи и новиот аранжман.
-Ова е преработка на песната “Чакмак Чакмак”. Главен виновник е Златко Миладиноски бидејќи идејата за снимање на песната е негова. Станува збор за македонска народна песна од Кенан Таироски, со нов аранжман, така да се надевам дека ќе им се допадне на гледачите.-вели Туше за естрадниот магазин Естрада плус.

Аранжманот е на Златко Миладиноски, а студиските снимања како што вели Благојче, се одвиваа во МТ Студио во Прилеп кај Мендо Ташкоски.
-Па ни беше потребно најпрво еден месец пробно да видиме како ќе звучи, после тоа направивме првични снимки и решивме да се смени малку аранжманот и ова ќе биде финалниот производ. Се надевам дека како и за многуте мои песни, дека и оваа ќе го најде своето место, макар што таа е веќе голем хит од покојниот Кенан, но сега е во ново руво и мислам дека ќе биде уште повеќе прифатена од народот.-додава тој.
Инаку, пред само краток период Туше ја промовираше неговата авторска песна Милион бакнежи за која што сними и спот. Песната и видеото засега се одлично прифатени од јавноста, а пејачот доби низа позитивни коментари на социјалните мрежи.
