“Моето срце не трае” е насловот на новата авторска песна од Легато бенд-Мелбурн. Песната ја промовираа во студиото на ИН ТВ во Мелбурн, Австралија, а деновиве за истата ќе биде снимен и спот.

Добропознатите момци од Легато бенд денес во студиото на Австралиската ИН Телевизија во Мелбурн ја промовираа нивната најнова авторска песна која носи наслов “Моето срце не трае”.
-Текстот за оваа песна го напиша Миле Георгиев, а музиката и аранжманот се на Златко Миладиноски. Песната е снимена на релација Скопје-Мелбурн, музиката во Скопје, а пеењето во “The JAM Hut Studio Melbourne”. Песната одлучивме да ја промовиравме во студиото на ИН ТВ со овдешната нивна екипа и сме презадоволни од видеото, но во текот на следните денови планираме да снимиме и официјален спот.-велат од Легато Бенд за естрадниот магазин Естрада плус.
Песната “Моето срце не трае” ја опишува непрекинатата борба која што Македонија ја води со душманот од векови наназад па се до денес. Тие се надеваат дека оваа песна која што ја подготвуваа со многу љубов ќе им се допадне на јавноста.
Инаку, Легато бенд неодамна одржаа концерт во живо кој се пренесуваше на сателитската ИН Телевизија. На нивното музичко шоу се пееше исклучиво македонската песна.
