НАСКОРО!!! “ПОСЛУШАЈТЕ ПАТРИОТИ” ОД МОЌНИОТ ВОКАЛ НА ДАВИД МИЛАДИНОВ

Please follow and like us:
Pin Share

“Ние потекнуваме од Република Македонија и треба да ја негуваме македонската песна.” Ова го истакна оперскиот пејач Давид Миладинов во интервју за ИН ТВ. Давид изминатиот викенд го искористи за снимање на два видео записи во Охрид.

По одличната прифатеност на неговата изведба за патриотската песна “Кога падна на Пирина”, Давид Миладинов одлучи да отпее уште една позната песна. Станува збор за песната “Послушајте Патриоти” за која што сними и спот на одлични локации во Охрид и околината. Видео запис ќе добие и уште една песна која што е на италијански јазик.

-Станува збор за македонската патриотска песна Послушајте Патриоти”, а следната песна ми е “Adagio”, италијанска песна која исто така е многу тажна песна на која што работам веќе подолго време и веќе сум при крај. Затоа сега планирам да снимам спот и се надевам дека на гледачите ќе им се допадне.-истакна Миладинов, за естрадниот магазин Естрада плус.

Како што вели Давид во интервјуто за ИН ТВ, Македонија изобилува со богата ризница на убави македонски песни кои што треба да се негуваат, па поради тоа тој се одлучи да преработи уште една патриотска песна.

-Сметам дека македонското треба да се разбуди малку кај нас. Ние потекнуваме од Република Македонија и треба да ја негуваме македонската песна, имаме доста убава музика. Треба да правиме нови песни, доста гледам на социјалните мрежи препејувани песни од соседството или странски песни затоа ние најпрво треба да гледаме нашите песни да ги промовираме. “Послушајте Патриоти” ќе биде во нов израз, односно со модерен аранжман и повторно во моја изведба, ќе биде во стил како претходната “Кога падна на Пирина”.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Давид со преработката на песната “Кога падна на Пирина” ги освои најголемиот број гласови на Најдобриот на листата. Тој е првиот победник и добитник на 400 долари кои ги доделува Австралиската ИН Телевизија на своите музички соработници.

Please follow and like us:
Pin Share