Бумбари Бенд и Подмладокот оваа сабота со концерт во живо на ИН ТВ

Please follow and like us:
Pin Share

Оваа сабота свое музичко шоу во живо ќе имаат едни од најпознатите и најбарани музичари на македонската естрада, Бумбари Бенд. Концертот е со почеток од 21 часот.

По примерот на нивните колеги од македонската естрада, свој концерт во живо ќе одржат Бумбари Бенд заедно со Подмладокот. Овојпат нивно засилување ќе бидат тројцата вокални солисти, Ивана Наумова, Елена Наумова и Петар Наумов.

Концертот е закажан за 20-ти јуни ( сабота ) со почеток од 21 часот.

Мора да напоменеме дека концертот кој што беше закажан за 5-ти јуни, беше одложен поради целосниот карантин за време на продолжениот викенд во кој што беше ставен нивниот роден град Штип.

Јавноста ќе има можност концертот на Бумбари Бенд да го следи во живо на сателитската ИН Телевизија, како и на нивните фан страни на фејбук.

Инаку, од Бумбари Бенд имаат и доста планови кои ќе ги реализираат во следниот период. Тие во онлајн интервју за ИН ТВ откриваат дека во моментов подготвуваат заеднички музички проект.

-Во периодот кој следува ке следуваат и музички проекти кои планираме да ги реализираме во соработка со ИН ТВ, па се надеваме новата промена ќе им се допадне на публиката.-изјави неодамна од Бумбари Бенд, за Естрада плус.

Тие во изминатиов период доста често објавуваа карантински видеа на социјалните мрежи, со цел да ги расположат нивните фанови кои што во изминатиот период мораа да останат во нивните домови поради пандемијата од коронавирусот која сеуште владее низ светот.

 

Please follow and like us:
Pin Share