ТУШЕ ЈА ИМА НОВАТА ХИТ ПЕСНА КОЈА ЌЕ БИДЕ ПРОМОВИРАНА СО СПОТ

Please follow and like us:
Pin Share

Благојче Стојановски Туше деновиве сними спот за неговата нова песна “Милион бакнежи” која несомнено ќе постане голем хит.

Во новото студио на ИН Продукција се сними спот за најновата песна на еден од најбараните фолк пејачи во земјава и пошироко, Благојче Стојановски Туше, која е насловена “Милион бакнежи”.

Снимањето помина во одлична атмосфера, а во видеото покрај Туше, овојпат се вклучени и голем број музичари кои важат за негови соработници.

-Скоро сите музичари се од Прилеп, имам и пратечки вокали од Ресен и Битола. Песната се вика Милион бакнежи, нова песна снимена пред една недела во МТ Студио во Прилеп кај Мендо Ташкоски. За првпат снимив цела песна со живи инструменти и сите тие музичари се вклучени во видеото. Ќе ја видиме реакцијата на луѓето, за понатаму да знаеме што да правиме. Се надевам дека ќе испадне добро.-истакна Стојановски за естрадниот магазин Естрада плус.

Музиката и текстот за песната “Милион бакнежи” се дело на Туше, а аранжманот го направи Мендо Ташкоски. За разлика од неговите претходни песни, тој овојпат одлучи новата песна да ја претстави заедно со спот.

-Досега пракса ми беше да ги објавувам прво песните на јутјуб, да ги запознаат гледачите па после тоа снимав спотови, но овојпат решив во исто време и песна и спот да објавам заедно на јутјуб. Ќе видиме каква ќе биде реакцијата и понатаму може ќе остане пракса да биде објавување во исто време песна и спот, ако испадне ова добро тоа ќе го продолжам да го правам.-додава тој, за Естрада плус.

Благојче во интервјуто за ИН ТВ вели дека во денешно време е доста тешко да се направи хит, но со оглед на тоа што оваа песна е доста енергична тој се надева дека ќе биде одлично прифатена од јавноста.

Спотот и песната ќе бидат премиерно претставени деновиве на сателитската ИН Телевизија.

 

Please follow and like us:
Pin Share