Деновите во изолација за македонските музичари поминуваат навистина забавно и се разбира, со убава песна. Во рубриката #карантиндома разговараме со младата пејачка Ивана Наумова. Таа соработува со голем број музичари, затоа периодов може да ја погледнеме во бројни видеа со македонските музички групи. Ивана за естрадниот магазин Естрада плус раскажува како поминуваат деновите во изолација за неа и како го исполнува времето во нејзиниот дом.

Ивана каде се наоѓаш во моментов и како ти поминуваат деновите во изолација?
– Сега во моментов сум дома. Викендов за разлика од другите викенди беше несекојдневен и различен бидејќи бевме во трка со времето, очекував дека ќе биде здодевно, но сега почнав да го ценам сопственото време, се посветив на моите заостанати идеи, кои ги реализирав одлично во целодневниот карантин.
Дали ја следиш состојбата и дали ги почитуваш препораките од стручните лица?
– Секако дека ги почитувам. Ги следам препораките од надлежните. Кога излегувам носам маска, ракавици, миење на раце често, користење на средства за дезинфекција и држам социјална дистанца.
Со што најмногу го исполнуваш времето поминато во твојот дом?
– Најмногу со музика !!!

Што е тоа што најмногу ти недостасува периодов?
– Најмногу од се ми недостасуваат нашите настапи, проби, моето друштво, пред се ми недостасува СЛОБОДАТА!
Што најпрво би направила откако ќе заврши вонредната состојба и кога ќе почнеме нормално да функционираме?
– Кога ќе заврши вонредната состојба и кога ќе престанат мерките, незнам што попрво би направил. Сигурно ќе се собереме со бендот ќе свириме и ќе пееме и ќе го надополниме изгубеното време.
Откажани се или одложени сите настапи на музичарите. Колку тоа влијаеше лично на тебе, дали имаше доста закажани свирки?
– За жал исто и кај мене. Меѓутоа таква е ситуацијата, треба да бидеме позитивни и од ова лошо да извлечеме добро.
Дали ќе изненадите со нешто ново во иднина, авторска песна, музички проект и сл?
– Да, секако дека ќе изненадиме. Времето во карантинов го искористуваме многу продуктивно. Нашите планови за во иднина се многу несекојдневни и се надеваме дека ќе добиеме подршка од нашите почитувани слушатели.
И за крај, што би им препорачала на читателите на Естрада плус за побрзо да им помине времето во карантин? Филм, музика, друштвена игра?.
– За крај сакам да ги поздравам вашите читатели на Естрада плус од името на Брависимо бенд и Ивана Наумова, да бидат со своите блиски, да слушаат музика, исто така воедно на нашиот youtube канал или на нашата facebook страница може да ги слушнат нашите најнови кавери, да си најдат добра серија еве една од мене препорака Money heist, и нормално кој е по игри може да ја проба Pubg mobile многу интересна и возбудлива игра.
Во продолжение уживајте во одличната изведба на Ивана Наумова и Брависимо бенд на песната “Мерак сокриен” !
Ivana Naumova i Bravissimo band-Merak sokrien (live)
Ivana Naumova i Bravissimo band gi pozdravuvaat gledacite na IN TV so prekrasna izvedba na pesnata "Merak sokrien"Imajte ubav den i uzivajte so makedonska muzika !!! 🎶🎙🎹🎸
Gepostet von INTV am Freitag, 17. April 2020
