Момците од Фантастик бенд пред извесно време, снимија нов видео проект кој се состои од добро одбрани македонски народни песни.

Проектот беше снимен пред воведување на вонредна состојба во нашата земја, а момците одлучија да го претстават во овие денови, кога сите ние македонците го очекуваме нашиот најголем христијански празник Велигден.
-На нашата публика и на јавноста им го ветивме овој проект и ете веќе го исполнуваме нашето ветување со тоа што започнавме со промоција на песните од новиот проект, ќе го наречеме Велигденски проект, бидејќи ете ни се погоди со големиот празник Велигден. На сателитската ИН Телевизија веќе се промовирани три песни, а останатиот дел ќе бидат претставени деновиве. Со оглед на тоа што сите ние периодов сме во изолација, се надеваме дека со убавата македонска песна во наша изведба ќе допринесеме за убаво расположение во сите домови.-велат од Фантастик бенд, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Фантастик бенд зад себе ја имаат авторската песна “Дари ми љубов”, која што беше претставена во студиото на ИН ТВ во Охрид, а за периодот кој следи ветуваат уште неколку нови песни.
Во продолжение уживајте во прекрасната изведба на Фантастик бенд за песната “Мое Маврово” !
