(ВИДЕО) “Свирете за зетот” од група Респекти-новиот хит на македонските свадби

Please follow and like us:
Pin Share

“Свирете за зетот” е новата хит песна на Даниел Сидовски и група Респекти. Песната ја промовираа во студиото на ИН ТВ, а во најскоро време истата ќе си добие и спот.

Тоа што го ветуваат, тие секогаш го исполнуваат. Уште во месец октомври во интервју за ИН ТВ, Даниел Сидовски од добро познатата група Респекти најави нова песна, овој пат со свадбарска тематика.

Ветувањето е исполнето. Тие деновиве ја промовираа песната “Свирете за зетот”, која што наиде на позитивни реакции од нивните пријатели и колеги, односно од сите оние кои што имаа можност да ја слушнат, бидејќи песната веќе е пуштена низ радио станиците во нашата земја.

-Сакаме да ги освежиме свадбарските песни. Се одлучивме да биде за зет бидејќи бевме во дефицит за такви песни. Во таа делегација први десет песни ни фалеше нешто вакво. За кум гледаме дека има нешто и за невеста имаме гледаме уште е тазе, се пее и ајде рековме ќе направиме за зет, па со оглед на тоа дека песната веќе се врти по македонските радиа, гледаме дека луѓето многу добро ја прифатија и одлучивме да направиме и спот за неа.-истакна Даниел, фронтменот на група Респекти, за гледачите на ИН ТВ.

Текстот за песната “Свирете за зетот” го напиша нивниот долгогодишен соработник Орце Зафировски, а истата е снимена во студиото на Љупчо Соколовски.

-Да го поздравиме Мартин Вучиќ затоа што тој отвири бубњеви и тапан, бас-Никола Автовски од група Арија, тамбура и хармоника-Златко Миладиноски кој што навистина е велемајстор и ја долови песната баш онака квалитетно. Остатокот со Љупчо во студио ја работевме сите заедно. Имаме уште еден гостин во песната, нашиот Џељо Дестановски, нашата волшебна зурла. Во песната учествува и нашиот колега Ангел Трајкоски кој отвири гајда и ја долови одлично песната исто како и Џељо.-додава Сидовски, во интервјуто за ИН ТВ.

Песната “Свирете за зетот”, тие најпрво одлучија да ја претстават во студиото на ИН ТВ во Охрид, а отприлика за околу две недели ќе започне и снимањето на официјалното видео кое ќе биде во соработка со ИН Продукција. Од група Респекти најавуваат нешто навистина спектакуларно и различно од она што тие досега го работеа.

Please follow and like us:
Pin Share