На македонската забава во Волонгонг, ИН ТВ му приреди роденденско изненадување на Ташко Каранфиловски. Инаку, изминативе два месеци тој ја остваруваше неговата прва турнеја во Австралија која што помина повеќе од успешно.

Сателитската ИН Телевизија, на големата манифестација “Избор на најуспешните македонци” која ја организираше изминатиот викенд во Волонгонг, му приреди прекрасно изненадување на македонскиот пејач Ташко Каранфиловски за неговиот 29-ти роденден.
Ташко кој што беше специјален гостин на македонската вечер, ја оствари првата турнеја во Австралија. Изминатите два месеци оствари бројни концерти во повеќе градови каде што ги има македонците, а настапуваше заедно со негови колеги од естрадата, како Гоце Петрески-Бананата, неговиот кум Благојче Стојановски-Туше, младиот трубач Стефан Ночевски и многу други.

Покрај неговите настапи, тој времето го искористи и за дружење со неговите роднини и пријатели, како и ширење на нови познанства. Имаше можност убаво да се прошета и да ги запознае убавините кои што ги нуди прекрасната Австралија.

Неговата турнеја заврши, а Ташко е веќе на пат за родната Македонија. Пред неговото заминување од Австралија, Ташко преку статус на фејсбук ги поздрави сите оние кои што му помогнаа да се оствари оваа турнеја.
-Два прекрасни месеци, успешни за мојата кариера. Месеци поминати со луѓе кои ми оставија огромен впечаток, македонци домаќини, музичари. Запознав многу нови прекрасни луѓе. Ви Благодарам на сите со кои се знаеме, но и оние кои ги запознав од Сиднеј, Мелбурн, Волонгонг, Камбера, Киама. Благодарност до Симе Бричот, фудбалскиот клуб Илинден, Туше и прекрасната фамилија Чаковски. Ми беше мило што ме прифативте како пејач и ги пеевте дел од моите песни. Ви благодарам на укажаната доверба и на поканата за повторно гостување, а се извинувам на оние кои морав да ги одбијам, бидејќи заминувам за Македонија, па се гледаме за неколку месеци. Ќе ми недостигате убави луѓе, колку и да пишам малку е…-напиша тој на социјалните мрежи.
Екипата на естрадниот магазин Естрада плус и сателитската ИН ТВ уште еднаш му го честита роденденот, а воедно му посакуваме уште многу успешни турнеи !
Gepostet von INTV am Samstag, 22. Februar 2020
