“Судба” е новата песна од Кирил Белистојаноски и Наум Џуклески

Please follow and like us:
Pin Share

“Судба” е насловот на новата заедничка песна од Кирил Белистојаноски и Наум Џуклески. Покрај оваа, во судиото на ИН Продукција промовираа и една преработка на песна од наум Петрески.

Кирил Белистојаноски и Наум Џуклески во студиото на ИН Продукција промовираа две песни. Станува збор за една авторска песна со наслов “Судба”, но и една преработка на песна од легендарниот пејач Наум Петрески.

-Оваа 2019-та година беше навистина плодна за нас, со бројни настапи, а крајот на годинава решивме да го заокружиме со две нови песни, од кои едната е авторска на фамилијата Џуклески. Другата е кавер на песна од Наум Петрески, значи веќе отпеана песна.-истакна Кирил, во интервјуто за ИН ТВ.

Како што вели Наум Џуклески, заедно со Кирил соработуваат веќе подолго време и може да каже дека соработката им е одлична затоа што двајцата знаат што сакаат да направат. -Песните ги завршивме пред недела дена, па одлучивме да ги промовираме токму сега пред  Новата година, како еден Новогодишен подарок за гледачите и јавноста. Едната песна се вика Судба, тaа е валцер и е направена во староградски стил. Таа е авторска песна, но мелосот е направен да наликува на Охрид, на тие стари охридски традиционални песни.-изјави Џуклески за естрадниот магазин Естрада плус.

За 2020-та најавуваат голем музички проект, односно албум со преработка на стари македонски песни во кој што ќе бидат вклучени повеќе музички имиња од македонската естрада.

Please follow and like us:
Pin Share