Антониа Гиговска има талент за шминкање

Please follow and like us:
Pin Share

Антониа Гиговска во интервју за ИН ТВ, открива кое е нејзиното хоби. Девојката со ангелски глас, периодов подготвува нови песни кои ќе ги подари на нејзините фанови.

Добропозната е на јавноста по нејзиниот извонредно моќен вокал и атрактивен изглед. Талентираната Антониа Гиговска во неодамнешното интервју за ИН ТВ за гледачите открива дека шминкањето е нејзиното омилено хоби.

-Тоа е моето хоби, сакам и да шминкам, но и да правам фризури. Секогаш кога одам кај Даниел, прво 15-20 мин додека тој шминка други девојки, јас го гледам и си ги шминкам сите. Мајка ми, баба ми, братучедка ми и сите другарки ги шминкам. Тоа е моето хоби, дефинитивно, покрај музиката.-раскажува Гиговска.

Инаку, младата и успешна пејачка неуморно работи на својата музичка кариера. Таа секогаш знае да ја изненади публиката со нова песна, затоа и периодов како што вели во интервјуто работи на нејзиниот нов материјал.

-Подготвувам нова песна со Дарко Димитров и уште три или четири песни со Лазар Цветкоски. Сега не знам дали ќе бидат три од Лазар или две од Дарко, не се знае уште битно е тоа што работам на нови песни и спотови. Се враќам во Македонија и почнувам турбо со работа. Спотот го снимам со Даниел Јовески и не го менувам мојот тим. Викторија Бурса која што е моја стилистка и која што секогаш се грижи за мојот изглед, Даниел Николовски за шминка и навистина ми е многу мило што имам таков тим позади мене и ќе има многу нови проекти.-додава таа, за естрадниот магазин Естрада плус.

Антониа зад себе веќе има голем број хитови, од кои…“Никогаш не вели никогаш”, “Могли смо у двоје”, “Ванила”, “Слаба страна”, “Светлина во мрак “ и други.

 

Please follow and like us:
Pin Share