Повеќе од шест години, Сузана Спасовска е солист првенец на ТАНЕЦ. Таа во интервју за ИН ТВ истакна дека е многу среќна со нив, бидејќи и сите утра и започнуваат со нејзините колеги од Ансамблот.

Легендарната пејачка на народни песни, Сузана Спасовска е солист првенец на ТАНЕЦ. Таа во интервју за ИН ТВ открива дека во ТАНЕЦ е повеќе од шест години, но како надворешен член со нив соработува долги години.
-Како надворешен член со ТАНЕЦ соработувам многу години, меѓутоа официјално како солист првенец сум веќе шест години, скоро седум. Како надворешен соработник јас доста патував со Танец, така да ако ги броиме сите тие години тоа се навистина доста години. Многу сум среќна кога сум со нив, бидејќи и самото утро ми почнува прекрасно со музика, со колегите ќе се напиеме едно утринско кафе и ни почнува со песна, со музика и игра. Некогаш ни недостасува кога имаме неколку слободни денови и првиот ден кога ќе отидеме на работа велиме лелее, чудно е без тие луѓе нели, се навикнуваш. Тоа е една таква екипа која што ја бива и за пиење кафе, а и за песна и игра.-раскажува Спасовска, за гледачите на ИН ТВ.

Сузана беше дел од екипата на Танец, која во месец ноември оствари уште една успешна турнеја во Австралија. Тие одржаа неколку концерти во Мелбурн, Сиднеј и Канбера, а среќни се што имаа можност преку македонскиот фолклор да им ја доближат Македонија на нашинците кои живеат таму.
