Ицко Ѓорѓиовски за Дочекот на Нова Година во “Лебедово езеро” заедно со Борис и Билјана

Please follow and like us:
Pin Share

Ицко Ѓорѓиовски заедно со Билјана и Борис Димови за Дочекот на Новата 2020 година ќе настапи во “Лебедово езеро”. Тие имаат бројни заеднички настапи низ земјава, но најчесто во Струмица.

Младиот и доста успешен клавијатурист, Ицко Ѓорѓиовски има голем број настапи низ земјава, а настапува заедно со група Астрион и извонредните Билјана и Борис Димови. Како што вели Ицо во интервјуто за ИН ТВ тие се веќе резервирани за Дочекот на најлудата ноќ, а нивните ангажмани се најчесто во Струмица и околината.

-Заедно со Борис и Билјана Димови сме на “Лебедово Езеро”, односно таму ќе бидеме за Новогодишната Ноќ, меѓутоа одиме од еден град во друг. Најактивни сме во Струмица, иако јас сум од Прилеп, најактивни сме во Струмица по пицериите сега се знае. Се ближи Новата година и има бројни прослави. Активно најмногу во Струмица.-истакна Ѓорѓиовски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Ицко Ѓорѓиовски потекнува од музичка фамилија, а хармониката започнал да ја изучува уште од 5 годишна возраст.

-Почнав со музика од моите 5-6 години и можам да кажам дека поголема беше хармониката од мене. Потекнувам од музичка фамилија и по страна од мајка ми и од татко ми, значи цела фамилија ми се музичари. Јас многу сериозно си ја сфатив работата сега. Активно со музицирање започнав од мои рани 14 години. Мојот прв настап беше во Император на мои 14 години, но сепак работев со повозрасни луѓе околу мене кои ми го покажуваа патот по кој треба да се водам и мислам дека сум на правиот пат.-раскажа Ицко, за гледачите на ИН ТВ.

Ѓорѓиовски деновиве го промовираше неговото првенче, односно спотот за неговото прво авторско дело кое што е насловено “Етно Фанк”. Спотот се снимаше во кафе барот “Onyx”-Прилеп, а дел и во студиото Просаунд кај Славко Ристески.

Please follow and like us:
Pin Share