Младата пејачка Јована Јакимова која долго време е женски вокал на групата “Екстра бенд” од Битола, викендов го кажа судбоносното “да”.

Во преубава бела венчаница, таа блескаше на својот најважен и голем ден, на нејзината свадба. Имено врската на Јована со својот избраник Мартин Врклевски ја крунисаа во заеднички брак, каде неизоставен дел од целата свадбена церемонија беа и нејзините долгогодишни колеги од “Екстра бенд”, каде вокалистот Дејан Ѓорѓиевски беше во улога на нивни девер.
IN продукција им посакува многу среќа ,љубов и разбирање во заедничкиот живот.
