Бележи бројни работни ангажмани како преку целата година така и сега особно во летниот период. Влатко Алексовски е буквално неуморен што се однесува до музиката. Тој постојано создава и твори македонска песна а неодамна ја промовираше и химната која ја посвети на големиот ракометен ас “Вардар”. Секако како што вели и покрај бројните ангажмани ќе оддели време и за летен одмор.
-Ќе има малку време и за одмор, така две тури да кажеме. 4-5 дена ќе одам во Хрватска, а вториот одмор ќе биде во септември, уште не сум одлучил каде но секогаш ореферирам на кратки интервали, по 4 или 5 дена, бидејќи од викенд до викенд сум слободен , преку недела , а за викенди имам настапи ,морам да се вратам, истакнува Влатко.
За следниот период од есенсниот дел Ватко веќе го најави својот нов албум, при што најави и снимање на нови три видео записи и секако промоција на новиот албум.
