Анета Наковска постојано со нови проекти

Please follow and like us:
Pin Share

Музикта е оставен дeл од неа и буквално неможе без музиката, станува збор за добо познатата Анета Наквска, која долги години ја негува македонската народна песна на естрадата. Како што истакнува и самата таа, постојано работи на нови проекти.

-Сега работам на нови проекти кои се во зародиш. Тоа е онаа најпрвобитна фаза каде што не се ни ставени сеуште на носач на звук, меѓутоа се работи на нив. Минатата година снимав неколку песни, не дека правам некоја пауза голема, иако живеам на релација Охрид-Скопје-Америка такви ми се животните околности, но најчесто сум во Охрид, каде што живееме со сопругот во Велгошти. Последно нешто добро што го направив беше песната “Тешко на предавниците” , песна која што јас ја наппишав и музиката и текстот и која што многу силно помина. Потоа отпеав и една прекрасна нумера “Егејки мајки” исто така и за неа треба спот да направам. Работам на нови нумери а имав и една преубава балада на “Роса фест” која носи наслов “Приказна стара”. Размислував и за неа спот да направам , бидејќи е навистина прекрасна песна, текстот  е мој а музиката на Сашо Младеновски, истакнува Анета.

Анета летниот период е максимално работно ангажирана со бројни настапи ширум нашата земја. Токму за најголемиот македонски празник Илинден, Анета ќе пее во селото Аргулица заедно со група “Мелос”

Please follow and like us:
Pin Share