Како што најави во зимскиот период при неговото гостување во ИН продукција, фолкерот Ташко Каранфиловски веќе ја оствари најавата. Имено, деновиве ја сними својата дуетска песна, заедно со Мартина од Шведска. Насловот на песната е “Се што имам” и е снимена пред два месеци како што истакнува Тапко, но со оглед на обврските сега е редот да се промовира.
-Се работи за една прекрасна песна. Гледачите ќе имаат можност да ја слушнат и секако да ја оценат. Тематиката на песната е љубовна и се разбира во соработка со Мартина , во заеднички договор ја обработивме таа во една убава песна, истакнува Ташко.
Ташко и Мартина не ја исклучуваат можноста да снимат и видео запис за оваа песна.
-Таа песна, мора да има видео запис затоа што навистина е прекрасна, но ќе оставам да кажат и гледачите и слушателите. Секако ќе добие видео запис, тоа ќе биде помеѓу наш заеднички договор, во Шведска ќе има дел но можно е да има дел и тука во Македонија. Повеќето планираме од неколку локации во Шведска во Хелсинбург од каде што е Мартина, навистина прекрасен град, прекрасни места за снимање, додава Ташко.
Ваквата заедничка соработка на некој начин прретставува спојување помеѓу Македонија и Шведска, со оглед на постојаните настапи на Ташко во Шведска, каде е баран најповеќе во текот на целата година, со исклучок на летиот период кога Ташко има бројни настапи во Преспанскиот крај.
