Младата Пантелија Тодоровска после своето остварување во улогата на мајка, планира повеќе да посвети внимание на музиката. Таа неодамна имаше свој настап во рамките на хуманитарниот концерт кој се одржа во прилепското село Кривогаштани. Впрочем, како што и самата истакнува нејзе музиката и претставува голема работа во животот и е нејзино целосно исплнување.
-Мене музиката ми е животот. Сакам да продолжам понатака и сакам да го работам цел живот тоа, кратко истакнува Пантелија.
Таа веќе во најава има готова песна која публиката веќ за скоро ќе може да ја очекува.
-Имам готова псна која верувам за брзо време ќе можам да ја снимам. Верувам дека ќе најдам време и да снимам еден видео запис, затоа што не сум снимила многу одамна, додава Пантелија.
Секако таа во периодов е посветена на бројните музички свирки каде што е барана.
