Александар Ицов голем виртуоз на повеќе инструменти

Please follow and like us:
Pin Share

Неодамна го промовираше своето ново музичко инструментално парче “Шкорулска гајда” за кое сними и видео запис. Големиот музички виртуоз Александар Ицов претставува феномен, бидејќи доколку претходно беввме навикнати да го гледаме со својата хармоника како приоритетен инструмент, сега веќе тој се појавува со дувачкиот инструмент. Помеѓу другото тој свири и на неколку други останати инструменти.

-Хармоника, гајда, кавал, зурла, тамбура. Засега се доволно овие инструменти. Има доста работа на нив, за напредување, така да доволно се, истакнува Александар.

Александар периодов исто така бележи голем број настапи, кад најчесто е во придружба со групатаа “Корона”.

-Веќе петта година сум со оркестар “Корона” од Штип. Соработката, само можам да се пофалам бидејќи имаме доста бројни настапи. И за оваа година но и за наредната има веќе доволно ангажирано настапи. Одлично ни оди и се надеваме на уште поплодна соработка, истакнува Александар.

Александар и претходно бележеше позитивна соработка со неколкуте инструментални дела за кои сними и видео записи заедно со ИН продукција.

Please follow and like us:
Pin Share