Неуморни во својата работа, момците од групата “Тандеми” веќе го најавија својот втор албум. Неодамна го снимаа и промовираа својот нов летен хит “Пет до девет е” а веќе имаат и подготвени песни и доволно материјал за вториот албум.
-Веќе ни се подготвени сите песни. Кога ни заврши “Дај заиграј” цедето , значи “Илино моме”, “Гурбет”, “Ај друштво мое”, “Не барајме”, новата “Пет до девет е”, “Цакана”, “Љубиш,лажеш”, имаме доста песни, можеме да го извадиме албумот кога сакаме, но ќе видиме, остакнува Горан.
Со оглед на тоа што станува збор за еден доста енергичен бенд, каде сите момци зрачат со најпозитивна енергија при секоја нивна појава на музичките настапи, не ги исклучуваат и настапите на некое фестивалско издание. Нивниот последен фестивалски настап беше охридскиот фестивал “Охридски трубадури” но како што вели Горан, таму се бара еден стил на песна, додека пак тие ја сакаат својата слобода низ песната и изразувањето, во што повеќе се пронаоѓаат како група која опстојува веќе 20 години на македонската естрада.
