Младата и талентирана фолк пејачка Анастасија Митровска ја запознавме уште како девојка со голем потенцијал, кога ја освои публиката и жирито во првата сезона на македонското талент шоу „Нови и млади“, во организација на ИН продукција. Тогаш, со својата исклучителна сценска харизма и моќен глас, таа ја освои титулата победник на шоуто, оставајќи траен впечаток кај гледачите.
Три години подоцна, Анастасија се разви во оформена и зрела пејачка, која веќе настапува на сцени ширум Македонија. Нејзиниот талент ја однесе и надвор од границите – имаше настап и на австралиско турнеја, каде македонската публика ја поздрави со голема возбуда. Покрај тоа, таа веќе има и неколку авторски песни и учества на значајни музички фестивали, што дополнително ја афирмира како сериозен артист на музичката сцена.

Деновиве, Анастасија блескаше и на снимањето на новогодишната програма на ИНТВ Австралија, која се реализираше во продукција на ИН продукција во Охрид. Со својот препознатлив глас и сценска енергија, таа повторно покажа зошто важи за еден од најперспективните млади таленти во македонската музика.
Со настапите, авторските песни и фестивалските изведби, Анастасија Митровска ја потврдува својата позиција како млада ѕвезда која ветува голема кариера, а нејзината музичка приказна сигурно ќе продолжи да ги освои срцата на македонската публика и во иднина.
