
На домашната музичка сцена се појавува ново име – „Позитив бенд“, составен од веќе добро познатата соло пејачка Адријана Ади и неколку искусни музичари кои зад себе имаат долга сценска кариера.

По успешниот соло период, Ади реши да започне нова музичка приказна, овојпат како дел од бенд што ветува многу енергија, свеж звук и позитивна атмосфера.
„Позитив бенд“ веќе ги подготвува своите први заеднички настапи, а од бендот најавуваат дека во следниот период ќе следат и нови заеднички проекти и авторски песни.
Со спој на младешки дух и професионално искуство, Позитив бенд има јасна цел – да донесе нова димензија на македонската забавна музика.