
🎬 „Здраве Музик“ со нов спот во чест на борците од славна Дебрца
На големиот државен празник – 11 Октомври, групата „Здраве Музик“ го промовираше новиот спот за својата преработка на легендарната песна „Гори Балкан“. Со оваа песна, музичарите им оддаваат чест на загинатите борци од славната Дебрца, чија храброст и борба се врежани во историјата на македонскиот народ.
Видеото ја прикажува борбата во селото Арбиново – Дебарско, настан што се опејува токму во песната. Спотот визуелно ја доловува приказната за „крвавата свадба“, кога на радосен настан нападнал аскерот и од веселба се родила трагедија – но и херојство што останало запаметено низ генерациите.
Со овој проект, „Здраве Музик“ уште еднаш покажаа дека знаат како преку музика и емоција да ја оживеат историјата и традицијата.
Погледнете го видеото кое ќе ве наежи и ќе ве врати во времето на храбрите македонски синови.