Василија Петрова – најголемиот музички патриот од Пиринска Македонија освојува срца во татковината и дијаспората

Please follow and like us:
Pin Share

Фолк пејачката Василија Петрова сѐ повеќе станува синоним за македонски патриотизам, традиција и музичка искреност. Родум од Пиринска Македонија, Василија е позната како уметница која преку своето пеење гордо ја носи Македонија во срцето и не се двоуми да ја покаже љубовта кон корените каде и да настапува.

Важен момент во нејзиниот живот е откритието дека нејзината баба потекнува од Кочани, што за неа претставува емоционално поврзување со татковината. Тоа сознание уште повеќе ја инспирира да ја негува и промовира македонската музика, култура и историја.

Публиката за првпат ја запозна преку македонското талент шоу „Нови и млади“, организирано од ИН ТВ, каде Василија веднаш се истакна со нејзиниот моќен глас и емотивна интерпретација. Подоцна стана редовен гостин и во популарното музичко шоу „ИмаТ немаТ“, каде нејзините настапи се секогаш дочекувани со силни аплаузи и одушевување.

Успехот не застана тука – Василија започна со настапи на фолклорни фестивали, концерти и гостувања ширум Македонија, но и меѓу македонската дијаспора. Круна на нејзиниот труд беше австралиската турнеја, заедно со виолинистката Сања и фолк пејачот Благојче Стојановски – Туше, каде настапуваше пред полни сали од наши иселеници.

Зад себе има неколку новокомпонирани песни кои одлично се прифатени кај публиката, како и бројни препеви на македонски староградски бисери, со кои уште повеќе ја потврдува својата верност кон македонскиот фолклор.

Василија важи и за вокален соработник на ИН Продукција, која од самиот почеток стои зад нејзиниот музички развој, продуцирајќи дел од нејзините настапи и видеозаписи.

🎤 Со автентичен стил, искрени емоции и патриотски дух, Василија Петрова денес е една од најбараните фолк пејачки, а нејзиниот пат само што започнува.

Please follow and like us:
Pin Share