Тоше Ангелески и Тенуто бенд со нов музички проект

Please follow and like us:
Pin Share

Деновиве, познатиот фолк-пејач Тоше Ангелески и популарниот Тенуто бенд од Струга го промовираа својот прв заеднички музички проект. Се работи за динамичен и весел музички материјал, составен од познати македонски песни, со што оваа соработка ветува вистинска музичка свежина на сцената.

Проектот е снимен во продукција на „ИН Продукција“, која е веќе препознатлива по квалитетната реализација на музички видеа. Спотот веќе привлекува внимание на социјалните мрежи и македонските сателитски канали.

Ова е само почеток на соработката помеѓу Тоше Ангелески и Тенуто бенд, а обожавателите со нетрпение очекуваат уште многу заеднички проекти и настапи.

Please follow and like us:
Pin Share