Познатата македонска фолк-пејачка Сузана Гавазова деновиве отпатува во Турција каде беше пречекана како светска ѕвезда.
Имено, таа беше поканета на фестивалот „Најдоброто од Румели“ во Истанбул каде ја доби престижната награда за „Пејачка од Македонија“ или „Најдобар претставник на македонската култура во Турција“.
Пејачката кога пристигна во Турција беше пречекана со лимузина и однесена во ексклузивен хотел, а на црвениот килим се појави во издание со кое сите ги воодушеви.