Ова е приказната зад песната “Петлите пеат, зора се зори” која ја препеа Благица Велјаноска

Please follow and like us:
Pin Share

Народната песна “Петлите пеат, зора се зори” во музичката антологија е наречена првата еротска македонска народна песна. Благица Велјаноска ја отпеа на еден поразличен начин, музиката прво започнува со преработка на песната “Петлови поје” со измени на текстот во кој не се спомнува “бела Митра”, но одлично препеана на македонски јазик заедно со сплет од македонската песна која една од изведувачите беше Петранка Костадинова. Идеата за спотот на Благица е како инспирација на романот “Бела Митра” од писателот Трајче Крстески од Прилеп. Во романот се опишува прељубата на младата невеста Митра омажена со стројници, која не е љубена од именуваниот Стојан во романот, кој не и посветувал никакво внимание. Кога еден ден во куќата пред зајдисонце домаќините го примиле дрварот да преспие, Митра од Мариово без никој да примети влегла во одајата каде што спиел дрварот, натокмена со невестинска руба и заедно паднале во искушение од страст.

Please follow and like us:
Pin Share